Светот е само на половината од пандемијата на коронавирусната болест Covid-19, порачаа од Светската здравствена организација, истакнувајќи дека во светот бројот на заразените и заболените повторно расте.
„Пандемијата на коронавиросот ниту одблизу не е завршена… Бездруго средe пандемијата сме“, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.
Податоците на СЗО објавени оваа седмица покажуваат глобален раст на бројот на случаите на новозаболените од Covid-19 и овие податоци би можеле да го прикриваат многу поголемиот проблем во моментот кога некои земји тестираат сѐ помал број лица со симптоми кои одговараат на коронавирусната болест, сметаат во светската агенција.
Според СЗО, комбинација од фактори довела до раст на бројот на случаите на Covid-19 меѓу кои се многу заразната омикрон варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2 и нејзината подваријатна BA.2 омикрон и укинувањето на делот на епидемиолошките и јавноздравствените мерки во земјите.