Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во шпанскиот град Гранада за да учествува на самитот на Европската политичка заедница.
Самитот беше формиран за да се поттикне соработката меѓу повеќе од 40 земји, воспоставена по руската инвазија.
„Русија ја повреди Молдавија, се обиде да ја дестабилизира Грузија и да откине делови од телото од Украина. Мораме да останеме обединети. Потребна ни е јасна порака која вели дека Русија нема шанси. Токму сега имаме можност да и нанесеме фундаментален пораз на руската агресија“, рече Зеленски на самитот, а пренесува Sky News.
Зеленски им порача на европските лидери дека верува во Америка и покрај политичките бури и додаде дека Европа мора да биде подготвена на се.
„Почитувани колеги, благодарение на Украина, вашите војници не се борат против Русија. Сигурен сум дека никој од вас не сака да знае како изгледа еден ден НАТО мора да брани еден од вас. Мораме да победиме во Украина за да биде агресијата на Путин. не се прошири“ рече тој.