Од денес, петок (29.03.2019 год) на сите продажни места на Државна лотарија на Македонија, нови серии од инстант лотаријата СЕФ и од инстант лотаријата ЗЛАТАНА РИПКА. По успешните серија 1 и серија 2 од инстант лозот СЕФ и по барање на играчите Државна лотарија на Македонија ја пласира и третата серија, која повторно за 40 денари може да ве доведе до вредни парични добивки.
СЕФ -от на Државна лотарија на Македонија е полн со најразлични парични добивки , почнувајќи од 40 денари па се до 600.000 денари. Најголемата добивка од 600 000 денари е предвидена за тројца најуспешни отворачи на СЕФ -от , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 5 добивки од 100.000 денари, 7 добивки од 50.000 денари па се до 130.000 добивки од по 40 денари. Цената на инстант лозот е 40 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го отворите СЕФ- от и да добиете една од 161.835 добивки кои ги нуди овој лоз. Играта е забавна , а лозот е добитен доколку трицифренета добитна шифра се совпаѓа со една од трицифрените твои шифри кои се наоѓаат во шесте полиња означени со 1 2 3 . Третата серија на овој инстант лоз е 500 000 лозови, од кои 161.825 лоза се добитни, односно секој трет лоз е добитен .
ЗЛАТНАТА РИПКА од денес пак е во продажба во својата петта серија. Овој инстант лоз до сега донесе многу добивки, многу интересни приказни и многу уловени милиони. Како и во претходните четири серии и овој пат лозот ЗЛАТНА РИПКА носи три шанси за добивка на еден инстант лоз, така што еден инстант лоз може да донесе и до три добивки , од кои најголемата е 1.000 000 денари, по неа 500 000 денари, 100 000 денари, 50 000 денари ….
Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија многу пати до сега израдувала многу играчи, а особено СЕФ-от и ЗЛАТНА РИПКА раскажаа многу добитни приказни, збогатија многу играчи и поделија многу парични добивки . Бидете и вие дел од игрите на среќа , бидејќи само КОЈ ИГРА , ТОЈ и ДОБИВА.