475
Состојбата на седумте пациенти од гостиварско Симница кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести е стабилна. Лекарите велат тие ќе бидат задржани на лекување и во наредните денови и дека нема потреба од паника.
Опозицијата и денеска побара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари, бидејќи сметаат дека тој е одговорен за смртта на двајцата гостиварачни, татко и син.
Таравари преку социјалните мрежи одговорои дека ситуацијата е под контрола и дека хоспитализираните се во стабилна состојба.