97
Синоќа во 18.30 часот во Кичево, лишен од слобода е 17-годишник од кичевското село Лисичани. Кај него, пронајден и одземен е еден гасен пиштол марка „Екол“, калибар 9 милиметри од кој, по претходна вербална расправија со две лица од Кичево, во воздух испукал еден куршум.
При извршениот увид, полициските службеници, на местото пронајдоа една чаура од гасен пиштол.
По целосно документирање на настанот за кој е известен и јавен обвинител, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.