Седумнаесетгодишник доживеа струен удар на цистерна-вагон

by Fokus

Седумнаесетгодишно момче доживеало струен удар додека било качено на цистерна-вагон во Кисела Вода.

„Денеска во 14:55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, соопшти МВР.

Засега не се познати причините за несреќата.

Поврзани новости