576
Пристигнаат двајцата, од седумте преживеани пациенти од тешката автобуска несреќа, што се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во Бугарија.
-Јас утрово разговарав со директорот на болницата. Тие се испишуваат во стабилна состојба како што впрочем беа целиот овој период. Станува збор за 17-годишна девојка и уште еден повозрасен пациент. Тие имаат повреди, треба да бидат сместени на Клиниката за пластичната хирургија, тука се обезбедија места, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека откако двајцата пациенти ќе пристигнат во Македонија, ќе се направи проценка колку долго ќе бидат хоспитализирани, пред да бидат пуштени на домашно лекување.