Најмалку седум луѓе загинаа, а многумина се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрото околу 03:15 часот на автопатот А94 во Баварија.
Сообраќајната несреќа се случила кога возачот на комбе со повеќе од 20 патници возел со голема брзина додека бегал од полициска контрола.
Полицијата во Розенхајм наведува дека некои од повредените се во тешка состојба.
Несреќата се случила кога федералната полиција сакала да провери комбе кое одело за Минхен. Но, возачот наеднаш забрзал и се исклучил од автопатот на излезот за Ампфинг, по што се случила сообраќајната несреќа.
– Во возилото имало и деца кои исто така се повредени – изјави портпаролот на полицијата.
На местото на несреќата се екипи Брза помош и противпожарна единица. Повредените се пренесени во најблиската болница.
Автопатот е целосно затворен во правец на Минхен и Пасау.