На 24.08.2024 во 21.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар кај с.Ростуше се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со италијански регистерски ознаки, управувано од И.И.(35) од с. Требиште и патничко моторно возило „форд“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Е.С.(21) од гостиварско Велебрдо.
Во несреќата возачот на патничкото моторно возило „форд“ Е.С. и два малолетни сопатници од патничкото моторно возило „опел“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека возачот на патничкото моторно возило „опел“ И.И и сопатниците А.И. и две малолетни лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
По насоки на јавен обвинител, увид изврши полициска екипа од ОВР Гостивар.