Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел.
Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx
Инаку, според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, Израел, седум државјани на Република Северна Македонија се наоѓаат во градот Виетлем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања.
За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378, посочија од МНР.