Седуммесечно бебе синоќа починало на скопската Детска клиника

Според нашите информации, бебето првиот пат кога било однесено на клиниката било одбиено за хоспитализација, а било примено тек после 48 часа кога органите веќе му откажувале.

by Fokus

Седуммесечно бебе синоќа починало на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, бебето првиот пат кога било однесено на клиниката било одбиено за хоспитализација, а било примено тек после 48 часа кога органите веќе му откажувале.

„Фокус“ се обрати и до директорот на скопската Детска клиника, Реџеп Мемеди кој ни ја потврди информацијата.

„Точно е. На клиниката синоќа почпина седуммесечно бебе. Имало некој синдром и биле оштетени повеќе органи, со што состојбата дополнително се влошила“, истакна Мемеди во изјава за „Фокус“.

Сепак, тоа што претставува најголем проблем за една болница од ваков калибар е кога ќе почне да се зголемува смртноста. Факт е дека во секоја здравствена установа, без разлика дали е државна или приватна, има смртни случаи и за тоа постојат бројни причини. Лекарите не се семоќни, но, сепак, црните бројки, кога ќе пораснат, црвениот аларм мора да се вклучи.

Само во рок од месец ипол на Клиниката за детски болести починаа пет деца.

Почина бебе на Детска клиника, во тешка состојба било донесено од Струмица

Почина бебе на Детската клиника

Ирена МУЛАЧКА

 

Поврзани новости