Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во атарoт на Младо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово. Седуммина биле повредени, петмина полесно, двајца биле задржани во Oпшта болница Куманово, соопштија од итна помош Куманово.
Сообраќајната несреќа во полицијата била пријавена во 12:15 часот.
– На магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. (64) од Крива Паланка, „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, „форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје. Во незгодата со повреди констатирани од лекар од Општа болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т и сопатниците С.С., А.К., С.К. и А. К, соопшти полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Фотографија: илустрација