Седумгодишно момче преживеа пад од десет метри, од зграда во Германија

by fokus

Седумгодишно момче паднало низ отворен прозорец на станот во кој живее и завршило во дворот на зградата. Несреќата се случила во германскиот град Росток, јавуваат тамошните медиуми.

Момчето има тешки повреди по падот од десет метри висина, но животот не му е доведен во прашање.

Најверојатно, детето загубило рамнотежа додека со сестра си играле миење прозорци. Според полицијата, родителите не биле дома во моментот на инцидентот и тврделе дека го заклучиле прозорецот и го сокриле клучот. Но, децата го нашле клучот и го отвориле прозорецот.

Полицијата истражува дали родителите ги прекршиле законските обврски за грижа за децата.

Поврзани новости