Седумдесет и петгодишна Германка обвинета дека е лидер на терористичка група

by Fokus

Германската полиција уапси 75-годишна пензионерка обвинета дека е лидерка на терористичка група која планирала да напаѓа политичари и енергетски објекти низ земјата.

Идентификувана како Елизабет Р., оваа поранешна учителка од Саксонија е осомничена дека била „идеолошки мозок“ на крајнодесничарска монархистичка група која не ја признава модерната федерална република и планирала киднапирања и напади. Четири лица поврзани со групата се уапсени во април и кај нив се пронајдени оружје и експлозивни материјали.

Елизабет Р. вчера се појави пред судот во Карлсруе, при што ѝ е одреден притвор.

Поврзани новости