Седумдесет болници во Мјанмар прекинуваат со работи во знак на протест поради државниот удар

by Fokus

Вработени во 70 болници и медицински оддели во 30 градови во Мјанмар ја прекинаа својата работа во знак на протест против военото преземање на власта во земјата, се во соопштение од Движењето за граѓанска непослушност во Мјанмар, јави ДПА.

Во соопштението се додава дека по државниот удар, армијата ги ставила своите интереси над ранливото население кое се соочува со тешкотии за време на пандемијата.

-Oдбиваме да се покоруваме на каква било наредба од нелегалниот воен режим, што покажува дека нема желби за нашите сиромашни пациенти, се вели во соопштението.

Армијата на Мјанмар ја презеде власта во земјата за една година поради неуспехот на владата да ги испита измамите на гласачите на ланските општи избори. Главниот командант на вооружените сили на државата, генерал Мин Аунг Хлаинг, ќе ја преземе одговорноста за управувањето на државата.

Поврзани новости