Седум загинати при напад на авион врз камиони со оружје во Сирија

by fokus

Седум лица загинаа во воздушен напад на неидентификувани авиони врз конвој камиони со оружје во источна Сирија, соопшти денеска невладината организација „Сириска опсерваторија“.

Според организацијата за човекови права, седум возачи на камиони или лица кои ги придружувале, кои не биле Сиријци, загинале во нападот што го погодил конвојот во регионот Букамал, на границата со Ирак.

Според „Сириската опсерваторија“, камионите превезувале иранско оружје.

Нападот бил извршен врз шест камиони натоварени со иранско оружје веднаш штом ја преминале границата со Ирак и влегле на сириска територија, соопшти невладината организација.

„Камионите беа натоварени со иранско оружје“, изјави шефот на „Сириската опсерваторија“, Рами Абдел Рахман

Поврзани новости