575
Судот за човекови права во Стразбур денеска ја објави одлуката по поднесените апликации на екс функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, со кои бараа да им се уважи аболицијата која им ја даде екс претседателот Ѓорге Иванов, а во што гледаа спас од предметите на СЈО.
Судот во Стразбур одлучи дека жалбите на поранешните политичари и функционери се недопуштени, односно преуранети, бидејќи најпрвин требало да бидат исцрпени сите правни лекови пред домашните судови.
Во решението пишува дека одлуката ја донел совет од седум судии и тоа: претседателот на советот Арнфин Бардшен од Норвешка, Паулин Коскело од Финска, Тим Ајке од Велика Британија, Садет Јуксел од Турција, Лорејн Шембри Орланд од Малта, Фредерик Кренц од Белгија и Дијана Сарку од Молдавија.
В.В.