1
Седум српски државјани се уапсени во Естепона, Шпанија, под сомнение дека учествувале во киднапирање и малтретирање на двајца мажи, јавуваат шпанските медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Полицијата во вилата пронашла двајца повредени мажи, од кои едниот бил врзан, како и просторија со траги од малтретирање.
Запленети се огнено оружје, вклучувајќи две пушки „Калашњиков“ (АК-47), пиштол со придушувач, муниција и други предмети.
По апсењето, приведени и задржани во притвор се Ф.Ј. (25), З.Н. (35), И.М. (24), С.М. (27), Л.Ј. (29), А.К. (24) и М.Н. (31).
Шпанската полиција проверува дали вилата била поврзана со група за организиран криминал и дали осомничените се поврзани со други кривични дела.
Истрагата е во тек.