3
Министерот за јавна администрација – Горан Минчев во гостување на 4ТВ рече дека во Министерството за јавна администрација нема вработени кои земаат плата, а не доаѓаат на работа.
Тој откри дека кога ја презема функцијата затекна повеќе од 30 лица со договори на дело кои не се појавувале на работното место, а земале плата.
„Првиот ден им беа раскинати договорите“, рече Минчев.
Посочи дека сега може да гарантира дека во Министерството со кое раководи сите вработени редовно доаѓаат на работа и примаат плата согласно нивниот работен ангажман.