Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.974 тестови, а регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции. Регистрирани сe 887 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Прилеп (80г, 80г и 81г), 2 починати лица од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број на починати лица, кај седум лица се регистрирани коморбидитети.