Седум починати и 542 новозаразени во изминатите 24 часа

by fokus

Во изминатите 24 часа направени се 5.990 тестирања, а регистрирани се 542 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 298 оздравени пациенти, а има седум починати лица, сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Од регистрираните 542 нови случаи на КОВИД-19, најмногу се во Скопје – 280, Битола – 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен – по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино – по 5, Тетово и Радовиш – по 4, Кочани – 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица по еден.

Од вкупно 298 оздравени пациенти, од Скопје се 171, Битола – 19, Прилеп – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 8, Штип, Ресен и Гостивар – по 7, Охрид и Гевгелија – по 6, Крива Паланка и Богданци – по 4, Кочани, Македонски Брод и Берово – по 3, Кичево, Неготино, Радовиш и Демир Хисар – по 2, Тетово Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Виница по еден.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица. Три починати лица се од Скопје (57г, 64г и 81г), две починати лица се од Битола (46г и 80г) и по едно починато лице од Охрид (76г) и Прилеп (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Поврзани новости