594
Во изминатите 24 часа, Центарот за јавно здравје Битола регистрираше девет нови случаи на Ковид-19 во регионот. Седум од случаите се од Демир Хисар, а двјајца се од Кичево.
Новите случаи во Демир Хисар се еден вработен и шест пациенти во Психијатриската болница, тие се на возраст од 27 до 61 година.
Новорегистрираните од Кичево се на возраст од 19 и 47 години, а едно од овие лица дава податок за контакт со веќе позитивни лица на ковид-19.
Според информациите на Центарот за јавно здравје од Битола, во Ресен и Битола денеска регистрирани се по двајца оздравени пациенти. Две лица се оздравени и од Демир Хисар, а три од Кичево.