953
Во тек на вчерашниот ден во Неготино се регистрирани седум нови лица на кои им е издадено Решение за самоизолација –информираат од СВР Велес.
-Со вчерашните податоци, бројката на лица во изолација во Неготино изнесува 31, од кои 19 лица се со решение за самоизолација, додека пак 12 од нив се со Изјава за изолација – појаснуваат од МВР.
Во Неготино има два позитивни случаеви на корона вирус, лицата се во добра здравствена состојба и се на домашно лекување. Во Демир Капија пак, до вчера бројот на заболени изнесуваше пет лица.
Од нив три лица се на Инфективно одделение во болницата во Велес, додека две се на домашно лекување. На повеќе лица од општината им се земени брисови и се чекаат резултати од нивните тестови.
Вики Клинчарова