Седум лица загинаа во пожар во воен институт во Русија

by Fokus

Најмалку седум лица загинаа во големиот пожар во Институтот за воени истражувања во Твер, на 160 километри од Москва, соопшти спасувачката служба, а пренесуваат руските новински агенции.

Имено, неколку вработени во Институтот морале да скокаат низ прозорците од горните катови на зградата за да се спасат од пожарот што зафатил површина од 1.000 квадратни метри.

„Според последните информации, седум лица загинаа во пожарот“, изјави портпаролот на спасувачката служба за „РИА новости“. Првин беше соопштено дека загинале пет лица, а дваесетина се повредени.

Поврзани новости