Седум лица се ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан

by Fokus

Седум лица вечерва беа повредени во израелски воздушен напад врз град на југот на Либан.

Ова е уште едно прекршување на договорот за прекин на огнот кој стапи во сила на 27 ноември

„Според првичните информации, вчерашниот воздушен напад на израелскиот непријател врз Набатије резултираше со седум повредени“, се вели во соопштението на либанското Министерство за здравство.

Претходно, либанската национална новинска агенција ННА објави дека „се слушнала експлозија во градот Набатије ал Фавка и бил забележан пожар“.

Израелската армија објави дека извршила воздушен напад врз Набатије во јужен Либан.

Поврзани новости