Седум лица се ранети при вооружен напад во амерканскиот град Сиракуз

by fokus

Полицијата во градот Сиракуз, Њујорк, одговорила на пукање на булеварот Мидленд, при што се повредени седум лица, вклучувајќи и дете.

Здружението на пожарникари во Сиракуз  соопштија преку „Фејсбук“ дека при пукањето на булеварот Мидленд биле ранети седум лица.

Портпаролот на локалната полиција изјави дека нема други достапни информации, освен дека инцидентот се случил по 21:00 по локално време.

Според порталот „Сиракуз.ком“ пукањето се случило на семеен собир по повод смртта на еден човек кој почина вчера од рак.Според порталот, се слушнале 10 истрели.

Поврзани новости