88
МВР излезе со детали околу сообраќајната незгода која се случила на булеварот „Водњанска“, пред самиот влез на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде се судриле два автомобили, а потоа удриле и во два други автомобили кои биле паркирани.
„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил ауди со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(40) од Скопје, и две паркирани патнички возила голф и мерцедес, двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.