Во судар помеѓу две возила на патот Чашка-Голозинци кај село Голозинци, повредени се седум лица, меѓу кои две деца.
Како што информира за МИА Василка Пановска Поп Стефанова, началник на Итна помош пр ЈЗУ Здравствен дом Велес, повредените била земeни со две возила на Брза помош и по укажаната помош итно биле префрлени во Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница во Велес.
Оттаму информираат дека двете деца, од кое едното во бесознание и со потешки повредите на главата, биле итно пренесени кон Хирушките клиники во Скопје.
По укажаната помош во велешката болница, две од децата на возраст помеѓу три и четири години итно биле се пренесени на понатамошно лекување во скопските клиники.
Во Хирушкото одделение во велешката Општа болница се останатите пет повредени со полесни повреди, меѓу кои уште едно дете и една трудница и тројца мажи.