Седум лица од тимот на ДНК загинаа во пожарот: Како не ве задржавме, да не си одите?

by Fokus

Дури седум лица од тимот на ДНК се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани.

Покрај Андреј, починати се и музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков и бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо.

Првично беше потврдена веста за смртта на Филип Стевковски, кој беше помеѓу првите идентификувани лица, а потоа во тек на ден продолжија да пристигаат црните вести за смртта на останатите од тимот на ДНК.

Инаку, ДНК минатиот месец имаше гостување кај нашинците во Германија. Денес, по страшната вест од Македонскиот културен центар Македонско сонце Дизелдорф, се простија со прерано починатите музичари со зборовите – Како не ве задржавме овде?

Владимир Блажевски Панчо од ДНК е хоспитализиран со изгореници и е вон животна опасност.

Ана Костадиновска, која исто така пее придружни вокали за ДНК е на домашно лекување.

Вики Клинчарова 

 

 

Поврзани новости