Седум деца од група јасли во штипската градинка „Вера Циривири Трена“, клон Развигорче најверојатно се затруле, при што објектот кад што се наоѓа оваа група е затворен, потврдија за „Фокус“, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
„По добиена информација од Центарот за јавно здравје Штип дека во тек на попладневните часови вчера, четврток 30 јуни, 7 деца од група јасли побарале помош во Инфективното одделение со симптоми сомнителни на алиментарна токсико инфекција, ДСЗИ извршиле вонреден инспекциски надзор заедно со инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство и техничар од ЦЈЗ“, тврдат од ДСЗИ.
Од таму додаваат дека по протокол се земени брисеви од вработените, од кујната и примероци од храна.
„ДСЗИ донесе решение за затворање на делот каде се јаслите, како делот каде се подготвува храната. Наложен вонреден санитарен преглед на вработените“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
И.М.