Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата, за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и за надворешна политика.
На дневен ред на Комисијата за образование и наука се Годишниот извештај за работата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип за 2015/2016 година, Извештајот за работата на ректорот на Државниот универзитет во Тетово за периодот 2015/2016 година и Извештајот на ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид за работата на Универзитетот за периодот 2016 година.
Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање ќе одлучува за Предлог-Деловник за работа.