Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во Скопје

by Fokus

Утре во Скопје, Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на Стопанските комори од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора) ќе ја одржи својата 33та седница, на која ќе се дискутира за клучните приоритети во активностите на Коморскиот инвестициски форум во 2025 година, имајќи го во вид отпочнувањето на примената на новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар, како и динамиката на имплементацијата на Новиот План за раст за Западен Балкан.

Пред започнувањето на седницата, обраќања ќе имаат Лулзим Рафуна, претседател на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Косово, Бранко Азески, ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Ахмет Егрлиќ, претседател на Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина и член на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум.

Поврзани новости