Седница на ЦО на СДСМ за составот на новиот владин кабинет наредна седмица

by Fokus

Разговорите и консултациите околу составот на новата влада и новата владина програма, се во финална фаза. Во понеделник се очекува да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира имињата за составот на владиниот кабинет, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието, изјави заменик – претседателката на партијата Сања Лукаревска.

-Во моментов, претседателот и генералниот секретар имаат интензивни разговори со коалициските партнери кои одат во позитивна насока. Сепак, станува збор за одредени стратешки цели кои треба да се реализираат во рамките на новиот владин кабинет. Фокусот ќе биде економијата, подобрување на животниот стандард на граѓаните, ефикасност на институциите, како и европскиот пат на земјата, посочи Лукаревска во интервју за телевизија Канал 5.

Поврзани новости