Украинскиот претседател Владимир Зеленски вечерва изјави дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден за „настаните од последните неколку часа“ и дека е планиран разговор и со британскиот премиер Борис Џонсон.
Зеленски на Твитер напиша дека свикал седница на Советот за национална безбедност и одбрана, по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на двата сепаратистички региони во источна Украина.
Зеленски претходно разговараше и со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, кој е запознаен со најновите разузнавачки информации изјави дека подготовките на руската армија продолжуваат без прекин, додавајќи дека „нема забавување“ и изјави дека рускиот напад врз Украина „може да почне во следните неколку часа или дена и дека ќе биде екстремно насилен“.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно за време на обраќањето до нацијата, потпиша документ со кој Москва ја призна независноста на отцепените украински територии Луганск и Доњецк.
Путин потпиша договор за пријателство во Кремљ со Денис Пушилин (на чело со ДНР) и Леонид Пасечник (предводен од ЛНР).