433
Седумнаесетгодишно момче вчера со пиштол застрела седмооделенец, во дворот на Основното училиште „Фан Ноли” во с. Палатица – Општина Желино. Ученикот се здобил со прострелна рана, а поради сериозноста на повредата е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Од обвинителството информираат дека момчето е оперирано но се наоѓа во животна опасност.
Оттаму додаваат дека во моментот се трага по осомничениот.
-Во соработка со Центарот за социјални работи од Тетово, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово до Судија за деца при Основниот суд во Тетово достави предлог мерки за обезбедување на сторителот на кривичното дело – Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик, велат од обвинителството.