Багерот кој до вчера вршеше ископ на просторот околу езерцето пред кое исчезна двегодишната Данка Илиќ, денеска е префрлен на друга локација – дива депонија на Стари Бањски пут. Како што јави репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, багерот е на терен во придружба на полиција.
Според информациите, полицијата продолжува со детална истрага во различни правци.
-Покрај деталната анализа на видеото на девојчето од Виена со двете романски државјанки, полицијата продолжува со теренската работа и во Бањско Поље – вели изворот на „Блиц“.
Потрагата по исчезнатата Данка влезе во седмиот ден.
Австриската полиција покрена истрага, а покрај девојчето се трага и по жените од снимката за кои се претпоставува дека се романски државјанки.
Криминалистичката служба на покраината Виена објасни како случаен минувач забележал девојче кое личи на Данка во присуство на две жени, а Интерпол распиша жолта потерница по девојчето.