Седловски поднесе оставка два дена пред дуелот со Фенербахче

by fokus

Тренерот на Вардар, Гоце Седловски денеска си поднесе оставка од клупата на тимот со образложение дека не е навикнат да губи. Оставката е на два дена пред дуелот со Фенербахче, двомеч кој доколку Вардар го добие за првпат во историјата ќе игра во групната фаза на Лига Европа.

-Се повлекувам за доброто на сите во клубот. Со ваква мисла бев по елиминацијата од Копехнаген во Лигата на шампиони, но собрав сили да го предводам Вардар и на стартот во домашното првенство. Два дена по поразот од Шкендија размислував што понатаму и денека донесов одлука. Тие два пораза многу ме погодија, а јас како човек не сум научен да губам. И не само јас туку и Вардар не е научен на порази, стои во дописот до јавноста што е потпишан од Седловски.

Тој беше тренер на Вардар од 2015 година по едногодишното извршување на функцијата спортски директор.

Поврзани новости