Музичката група „Суперхикс“ го промовираше новит сингл „Добар човек“, како најава за нивниот албум „Банда Инструментале“, а со видеото упатија и апел до Министерството за здравство. Како што објавија на својата страница, тие бараат министерството да ги субвенционира сите антдепресиви и смирувачки лекови во земјава.
-Заедно со синглот ,,Суперхикс” упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/смирувачки медикаменти. Македонија е рекордер по сите параметри за користење на антидепресиви и седативи по глава на жител, па со ова значително би им се олеснило на корисниците, а за жал ги има илјадници. Очекуваме одговор – час поскоро!- објавија од бендот.
Во „Добар човек“ се пее за личност која е смирена и на која се и рамно, и се спомнуваат лекарства за смирување како лексилиум, дијазепам, апаурин…
Музиката, текстот и аранжманот на новата песна се на „Суперхикс“, а видео анимацијата е авторско дело на младите Александар Несторовски и Меланија Димоска. Материјалот бил снимен во студио Тра ла ла, на Мите Димовски.
Вики Клинчарова