Сеад Кочан веќе излезе од затвор, а државата не може да му најде ниту шајка од конфискуваниот имот!

by Fokus

Во 2019 година, Сеад Кочан беше правосилно осуден на четири години и осум месеци затвор. Освен тоа, судот донесе одлука да му се конфискува имотот во вредност од 17 милиони евра. Но, осудениот бизнисмен веќе излезе од затвор, а институциите сѐ уште не му го конфискуваа имотот. Низ годините беше обезвреднет, а дел се користеше и за приватен профит. ДКСК обелодени како најголем дел од имотот завршил кај „Пуцко петрол“, како дел бил продаден од банките, но ниту денар не е вратен во буџетот. „Фокус“ дојде до пресуди што ги потврдил Врховниот суд, според кои, спогодбата меѓу „Трансмет“ и „Пуцко петрол“ е поништена. Сепак, ова е само мал дел од имотот, другиот дел ниту една институција не може да го лоцира.

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

По повеќе од четири години, бизнисменот Сеад Кочан излезе од затворот „Идризово“. Директорот на затворот, Зоран Јовановски за „Фокус“ потврди дека Кочан е на слобода од пред околу еден месец, па Нова година ќе ја дочека како слободен граѓанин, но и бизнисмен.

Неодамна, кога „Фокус“ беше во озлогласениот затвор, не го видовме, затоа што бил на работа. А тоа му беше дозволено, откако стигнал во отвореното одделение на затворот.

Кочан, со полиција, беше однесен во „Идризово“ на 1 август 2019 година да ја издржува казната затвор од четири години и осум месеци, на која беше правосилно осуден во случајот „Труст“.

Тој беше еден од ретките што издржа затворска казна, но и еден од ретките со кој поранешното Специјално јавно обвинителство се фалеше дека ќе го свртат „бројчаникот“ за околу 17 милиони евра.

Пресудата за Кочан стана правосилна и извршна во јули 2019 година, кога Апелација му ја намали казната од шест на четири години и осум месеци затвор.

Тогаш стана и правосилна одлуката со која на Кочан требаше да му се конфискува имот во вредност од направената штета за да се обесштети државата поради наместен тендер во РЕК „Битола“, во 2011 година.

Кочан еве излезе од затвор, а државата му нема конфискувано ниту шајка.

„Фокус“ стапи во контакт со директорот Небиу и го прашавме што се случува со имотот на Кочан.

Од Сеад Кочан немаме ни шајка видено, ни една количка, никој не знае каде е неговиот имот. Откако дојдов во Агенцијата, испратив дописи до сите институции, до Владата, до Министерството за внатрешни работи, до Министерството за правда, никој ми нема вратено, освен Министерството за правда, кое покажа подготвеност да се конфискува – вели Небиу.

На нашето прашање каде е движниот и недвижниот имот на Кочан, Небиу вели:

– Не знам, и јас тоа сакам да го знам, тука во Агенцијата ништо немаме. Под банкарска хипотека, не знам. Тоа треба да го прашате поранешниот директор на Агенцијата, тој треба да знае. Ова е катастрофа. На обичен човек патики ќе му се конфискуваат и ќе се продадат, овој имот не може да се најде.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости