Се зголемува цената во градинките во Карпош

by Fokus

Се зголемува цената во градинките во Општина Карпош. Наместо досегашните 1.490 денари, за месечен престој ќе се плаќа 2.000 денари

Зголемувањето на цената беше изгласано на денешната редовна седнива на Советот на Општина Карпош.

„Досега месечната претплата изнесуваше 1.490 денари, а отсега за целодневен месечен престој за дете до 6 годишна возраст ќе се плаќа 2.000 денари, а истиот месечен надомест ќе изнесува и за престој и исхрана на дете од 6 до 10 годишна возраст. Како што беше констатирано, поради зголемените режиски трошоци и континуираниот пораст на цените на прехранбените производи, неопходна беше ваквата корекција на месечната партиципација во градинките, која ќе резултира со подобрување на квалитетот на услугите кои ќе ги добиваат најмладите карпошани – соопштија од Карпош.

Под надлежност на Карпош се градинките „Мајски цвет“, „Орце Николов“, „Пролет“ и „Распеана младост“.

Поврзани новости