Вкупно 787 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во земјава и има околу 350 празни болнички кревети во ковид- центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 323 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 464 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид – центарот во Гостивар 14, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациент, во Кочани седум, во Кичево шест, Кавадарци 52, во Гевгелија девет лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.