Во последното деноноќие во Албанија повторно е регистрирана висока бројка на новозаразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Тирана.
– Од направените тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 136, при што најголем број од новозаразените или 66 се од Тирана, останатите се речиси од целата територија на земјата. Во исто време битката со коронависот ја добиле 74 граѓани, додека ја загубиле шестмина, меѓу кои и еден од најпознатите скулптори и универзитетски професор Арбен Бајо (53), информираат од Министерството за здравство и социјална заштита.
Според истиот извор, со последните 561, досега направени се 45.942 теста, Ковид дијагностицирани се 6.411, оздравеле 3.342, починале 199, додека активни на болеста се 2.870.
Поголемиот процент од болните се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека 122 се хоспитализирани во двете болници Ковид, каде 21 пациент е во тешка здравствена состојба.