54
Бројот на загинатите за време на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, во близина на Москва, денеска се искачи на 144 лица, додека уште 551 лице се повредени, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација.
Администрацијата додаде дека меѓу загинатите има пет деца, пренесува Интерфакс.
Терористичкиот напад на „Crocus City“ во Красногорск кај Москва се случи вечерта на 22 март, кога неколку луѓе отворија оган врз присутните на концертот.
Истражниот комитет го истражува кривичното дело за терористичкиот напад, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава (ИД).