Секојдневно се повеќе се зголемува бројот на средношколците, кои се приклучуваат на бојкот. Во повеќето средни училишта низ земјава, наставата веќе втора недела се бојкотира, па денеска покрај економското училиште „Јане Сандански“, на бојкотот ќе се приклучи и средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“.
Пленумците порачуваат дека се истрајни во своите барања и дека нема да се откажат.
– Почитувани другари и другарки, почитувани професори и професорки, борбата ја продолжуваме на друг фронт. Дотичните беа глуво-неми кон нашите маршеви и се надеваа дека ќе се откажеме. Си формираа и таканаречена Унија на средношколци, мислејќи дека ќе ја амортизираат нашата борба. Е па, да им покажеме дека сме истрајни и сигурни во она што го бараме, а бараме поквалитетно образование – Средношколскиот пленум Битола.