697
Министерот Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека ќе биде зголемен капацитетот на тестирање од идната недела за плус 500 тестови на територијата на Скопје.
-Есенскиот бран освен во болниците, го зголеми притисокот кон пунктовите на тестирање. Минатата недела веќе го зголемивме капацитетот со 400-500 тестови. Сега ги вклучуваме и брзите тестови кои ќе се прават во пунктовите во Здравствениот дом и во болниците. Дополнителни шест пункта ќе работат во Скопје, односно дополнителни 500 термини ќе бидат на располагање само во Скопје – рече Филипче.