600
За време на изминативе шест месеци има речиси ист број на пожари како цела измината година во Неготинско и Демиркаписко. Ова го соопшти командирот на Противпожарната единица Иле Илиев, во изјава за МИА.
– Од почетокот на годината до сега, бележиме 101 интервенција. Во 73 случаи гореше на отворен простор, а во 14, пламени јазици имаа зафатено објекти. Интервениравме и при пет сообраќајни незгоди во кои учествуваа патнички и товарни моторни возила. Како Територијална противпожарна единица бевме повикувани и при случаи на оган во контејнери, поплава и запалени бандери, информираше Илиев.
Илиев апелираше за поголема противпожарна свест, со цел превентивно да се влијае против појавата на пожари.