Се затвораат сите ковид центри на скопските Интерни клиники

by Fokus

Поради намалениот број на пациенти, од денеска се затвораат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот Мајка Тереза, ковид позитивни пациенти ќе примаат само во Институтот за ТБЦ и Клиниката за инфективни болести, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани осум нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Поврзани новости