Се затвораат невладини организации во Авганистан по забраната жени да работат во нив

by Fokus

Са затвораат невладини организации во Авганистан по забраната жени да работат во нив.

Три големи меѓународни хуманитарни групи денеска ги прекинаа своите операции во Авганистан по одлуката на власта предводена од талибанците во земјата да им забрани на жените да работат во невладини организации.

„Save the Children“, „Норвешкиот совет за бегалци“ и „CARE“ соопштија дека нема да можат ефективно да допрат до деца, жени и мажи доколку во нивните организации не работат жени.

Забраната на невладините организации беше воведена вчера, наводно затоа што жените не ја носеле правилно исламската шамија.

Поврзани новости