Се затвора авиолинија Софија-Скопје, позната е причината

by Fokus

Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ од 21 мај ја прекинува продажбата на билети за летот Софија-Скопје, објави специјализираниот портал за авиони „ Ex Yu Aviation“.

Имено, во летовите имало по седум до осум патници, а во некои ситуации имало само по две три лица, што ќе рече дека биле помалку од екипажот. Се уште не е јасно дали летовите ќе бидат трајно откажани, бидејќи нема објаснување од бугарската авиокомпанија.

Поврзани новости