Се запали автомобил во движење на патот Струмица – Ново Село

by fokus

Автомобил во движење се запалил на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, поради што сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин еден час. Во инцидентот нема жртви.

Опожарениот автомобил бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица од Струмица, а полицијата го обезбедувала местото на пожарот. Причините за пожарот засега не се познати.

Од синоќа изгореа неколку автомобили, автомобилот во кој се возел претседателот на Стопанската комора на Македонија, автомобилот на обвинителот Гаврил Бубевски и уште неколку автомобили во Чаир.

Поврзани новости